language: ENGLISH
ВЕСТИ
31.10.2007
МАКЕДОНИЈА ГИ ДОБИ ПРВИТЕ ИНВЕСТИЦИОНИ ФОНДОВИ
Македонија ги доби првите инвестициони фондови. Иново Статус Акции, Илирика Југоисточна Европа и Илирика Глобал Растечки Пазари добија одобрение за основање од Комисијата за хартии од вредност. Овие фондови се од отворен тип и во нив можат да инвестираат сите граѓани и компании. Ова се нови играчи на македонскиот пазар за хартии од вредност.
Отворените инвестициски фондови функционираат на следниот начин: прибираат пари преку јавен повик, продаваат удели и парите ги вложуваат согласно Законот. Значи секој инвестотор кој ќе вложи, ќе добие удел, потоа како сопственик ќе има право на сразмерен дел од добивката на фондот и во секое време може да побара исплата на уделот или да истапи од фондот.
Иново Статус Акции ќе вложува на пазарите во бивша СФРЈ, а Илирика југосточна Европа ќе тргува во хартии од вредност во компании и банки во земјите од Југоисточна Европа. Илирика Глобал растечки пазари ќе инвестира во глобалните пазари во подем и на Балканот.
Појавата на инвестициските фондови на нашиот пазар на хартии од вредност ќе овозможи пред се на малите инвеститори да вложуваат, а притоа да бидат заштитени од поголемите индивидуални ризици, присутни при секое инвестирање.
Според Комисијата за хартии од вредност започнувањето со работа на овие фондови се очекува да доведе и до зголемување на конкурентноста помеѓу постојните банкарско-финансиски институции во земјава.


ОВАА ВЕБ СТРАНИЦА КОРИСТИ ВЕБ КОЛАЧИЊА "Cookies"

Користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата веб-страница. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство при користењето на нашата веб-страница.

Прифаќам