Друштвото за управување со инвестициски фондови ИНОВО СТАТУС АД Скопје е регистрирано во Трговскиот Регистар на ден 22.06.2007 година.
Основната главнина на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје изнесува 297.654 евра по среден курс на НБРМ.
Сопственик на Друштвото за управување (со квалификувано учество) е: Иван Ивановски
Основната главнина на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје изнесува 297.654 евра по среден курс на НБРМ.Членови на Одборот на директори на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје е следен: Иван Ивановски -извршен член, Главен Извршен директор, Миа Стефановска Зографска -извршен член-Извршен директор, Благој Митров, незивршен член-Претседател,Томислав Димитријев-неизвршен независен член, Ненад Јовиќ-неизвршен член
Новиот Статут на Друштвото за
управување со отворени и затворени инвестициски фондови ПРАЈМ КАПИТАЛ АД
Скопје е донесен на 28.05.2026 година, а одобрен
од Комисијата за хартии од вредност, со Решение бр. УП 1 08-94 oд 05.06.2026 година
Друштвото за
управување врши работи на управување со инвестициски фондови и тоа:
1.
управување со имотот на инвестициските фондови;
2.
рекламирање на инвестициските фондови и продажба на удели
во отворените инвестициски фондови;
3.
административни работи кои се однесуваат на:
-
водење на деловни книги и сметки и изготвување на финансиски
извештаи;
-
воспоставување и одржување на односи со вложувачите;
-
утврдување на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд и
пресметка на цената на уделот;
-
усогласување на работењето на Друштвото за управување со законите
и други прописи;
-
објавување и известување на сопствениците на удели;
-
распределба на добивката на инвестицискиот фонд;
-
издавање и откуп на удели во отворените инвестициски фондови
и
-
водење регистар на сопствениците на удели.
Друштвото за управување има дозвола
за работење од Комиисјата за хартии од вредност да врши
работи на инвестициско советување при вложување во хартии од вредност во
согласност со закон.
Друштвото за управување има дозвола
за работење од Комиисјата за хартии од вредност да врши
работи на управување со индивидуално портфолио при вложување во хартии од вредност во
согласност со закон.
Депозитарна банка на Фондот е НЛБ Банка АД Скопје со седиште на бул. Мајка Тереза бр 1, 1000 , Скопје, за која е добиено одобрение од Комисија за хартии од вредност со Решение
бр. 07-2483/10 oд 31.10.2007 година.
Банката е регистрирана во Централниот регистар на
Република Северна Македонија под даночен број 4030993191133, ЕМБС 4664531 со
седиште на територијата на Република Северна Македонија и има добиено
согласност од Народната Банка на Република Македонија за вршење на активноста
чувар на имот: Решение бр. 1849 од 11.03.2008
година.
Банката
има издадено 14 емисии на акции или 854.061 обична акција.Номинална
вредност на акциите изнесува 1000,00 денари по акиција. Секоја акција
носи право на глас на Собранието на акционери.Почетниот капитал на
Банката изнесува 854.061.000,00 денари.
Депозитарната банка со има склучено договор за вршење работи на субдепозитарна банка и тоа:
Назив на банката: Нова Љубљанска банка дд Љубљана
Адреса на банката: Трг Републике 2, SI – 1520 Љубљана, Р.Словенија
Датум на склучување на договор: Custody Agreement for UCITS Clients 10.10.2024
Податоци за одговорно лице во субдепозитарната банка:
Barbara Dolenc
Head of Custody
Email: barbara.dolenc@nlb.si
Phone: +386 1 476 52 78