language: ENGLISH
ИНВЕСТИЦИОНИ ЦЕЛИ 

Отворениот инвестициски фонд ИНОВО СТАТУС СОЛАР се основа со цел здружување на парични средства наменети за инвестирање од домашни и/или странски физички и/или правни лица преку јавен повик, со кои за сметка на инвеститорите управува Друштвото за управување, при што се применува принципот на диверзификација на ризикот во согласност со Законот, Статутот и Проспектот на Фондот.

Друштвото за управување има за цел прибраните парични средства во Фондот да ги вложува на домашни и странски пазари на хартии од вредност заради остварување на долгорочни  приходи.

ИНОВО СТАТУС СОЛАР претставува отворен инвестициски фонд, без статус на правно лице, чии сопственици (имателите на удели) имаат право да бараат откуп на   удели во согласност со Законот, Статутот и Проспектот на Фондот и на тој начин да истапат од  Фондот.

Отворениот инвестициски фонд ИНОВО СТАТУС СОЛАР им овозможува на институционалните и индивидуалните инвеститори пристап до голем број на пазари на хартии од вредност, при тоа овозможувајќи им управување на нивните средства и нивна ликвидност преку диверзифицирана структура на своето портфолио на хартии од вредност и ниски трошоци.

Отворениот инвестициски фонд ИНОВО СТАТУС СОЛАР е наменет за инвеститори кои прифаќаат диверзифицирана структура на своето портфолио на хартии од вредност, со што се намалува ризикот во однос на самостојното инвестирање.

Отворениот инвестициски фонд ИНОВО СТАТУС СОЛАР се категоризира како акциски фонд, со инвестициска тема чиста енергија (обновливи извори).

Отворениот инвестициски фонд ИНОВО СТАТУС СОЛАР ќе инвестира во акции на компании кои произведуваат соларна енергија или компании кои  финасираат,  развиваат, произведуваат, инсталираат или оддржуваат  опрема за соларна енергија, компании кои произведуваат водород користејќи сончева енергија,  компании кои произведуваат полначи на  батерии со сончева енергија  за електромобили како и комапнии кои се бават со продажба на сончева енергија,  акции од Македонска берза на Република Северна Македонија,  инвестициски фондови кои вложуваат во компании кои произведуваат соларна енергија или опрема за производство на соларна енергија и пари на сметка.

Таквото инвестирање е со поголем степен на ризик во однос на ороченото штедење, но наспроти тоа, вложувањето во Фондот овозможува повисок очекуван принос.

Нема гаранција дека Отворениот инвестициски фонд ИНОВО СТАТУС СОЛАР ќе ги постигне инвестициските цели.

Инвестициските цели и инвестициската политика на Фондот можат да бидат променети со одлука на Друштвото за управување за измени и дополнувања на Статутот и Проспектот.

ОВАА ВЕБ СТРАНИЦА КОРИСТИ ВЕБ КОЛАЧИЊА "Cookies"

Користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата веб-страница. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство при користењето на нашата веб-страница.

Прифаќам