language: ENGLISH
БАНКА ДЕПОЗИТАР И ИНВЕСТИЦИОНИ ПОСРЕДНИЦИ 

БАНКА ДЕПОЗИТАР

НЛБ Банка АД Скопје основана во 1985 година, а од 1993 година на пазарот во Македонија работи како комерцијална банка што ги извршува сите финансиски и банкарски услуги за клиентите во земјата и во странство. Банката спаѓа во групата на големи банки и според вкупната нето актива е трета по големина банкарска институција во Република Македонија.

Стратешки партнери на НЛБ Тутунска банка се NLB d.d. од Љубљана, LHB Internationale Handelsbank AG Франкфурт и NLB InterFinanz AG Цирих, односно НЛБ Групацијата. Во вкупниот капитал на Банката, НЛБ Групацијата учествува со 81,36% а останатиот дел од18,64% е во сопственост на домашни и странски правни и физички лица. Членството во НЛБ Групацијата како и новиот корпоративен имиџ за Банката подразбира нов квалитет во работењето што овозможува трансфер на знаење, искуство, технологија и пристап до странските пазари на капитал.

НЛБ Банка е една од најуспешните банки во Групацијата. Успехот на НЛБ Банка, се должи на имплементацијата на високо квалитетни стандарди во работењето, на модерната инфраструктура на информатичката технологија, успешната пазарна стратегија како и на професионалниот менаџмент, зајакнати со брендот на НЛБ.


ИНВЕСТИЦИОНЕН ПОСРЕДНИК

Инново Брокер АД Скопје е акционерско друштво и е истовремено овластена брокерска установа под надзор на Kомисијата за хартии од вредност во Македонија.

Инново Брокер е официјално регистрирана на почетокот на 2006 година. Примарните активности се тргување со хартии од вредност во Р. Македонија.

Основната цел на Инново Брокер е да ги обезбеди своите индивидулани и институцијални клиенти со најдобрите услови за тргување, користејќи разновидни финансиски инструменти во комбинација со високо-квалитетно услужно раководење.

ОВАА ВЕБ СТРАНИЦА КОРИСТИ ВЕБ КОЛАЧИЊА "Cookies"

Користиме колачиња со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашата веб-страница. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство при користењето на нашата веб-страница.

Прифаќам