Друштвото за управување со инвестициски фондови ИНОВО СТАТУС АД Скопје е регистрирано во Трговскиот Регистар на ден 22.06.2007 година.
Основната главнина на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ИНОВО СТАТУС АД Скопје изнесува 297.654 евра по среден курс на НБРМ.
Mнозински сопственик на Друштвото за управување (со квалификувано учество) е: ЕЈ СИ ЕМ Консулт ДОО Софија, Р. Бугарија
Основната главнина на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ИНОВО СТАТУС АД Скопје изнесува 297.654 евра по среден курс на НБРМ.Членови на Одборот на директори на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ИНОВО СТАТУС АД Скопје е селден:Миа Стефановска Зографска-извршен член, Главен Извршен директорБлагоја Митров-извршен член-Извршен директорИвелина Иванова, незивршен член-Претседател,Олга Јорданова-неизвршен независен членЈордан Цанов-неизвршен член
Новиот Статут на Друштвото за
управување со отворени и затворени инвестициски фондови ИНОВО СТАТУС АД
Скопје е донесен на 16.01.2023 година со Одлука бр.02-02/1, а одобрен
од Комисијата за хартии од вредност, со Решение бр. РА 1 08-13 oд 27.02.2023 година
Друштвото за
управување врши работи на управување со инвестициски фондови и тоа:
1.
управување со имотот на инвестициските фондови;
2.
рекламирање на инвестициските фондови и продажба на удели
во отворените инвестициски фондови;
3.
административни работи кои се однесуваат на:
-
водење на деловни книги и сметки и изготвување на финансиски
извештаи;
-
воспоставување и одржување на односи со вложувачите;
-
утврдување на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд и
пресметка на цената на уделот;
-
усогласување на работењето на Друштвото за управување со законите
и други прописи;
-
објавување и известување на сопствениците на удели;
-
распределба на добивката на инвестицискиот фонд;
-
издавање и откуп на удели во отворените инвестициски фондови
и
-
водење регистар на сопствениците на удели.
Друштвото за управување има дозвола
за работење од Комиисјата за хартии од вредност да врши
работи на инвестициско советување при вложување во хартии од вредност во
согласност со закон.
Друштвото за управување има дозвола
за работење од Комиисјата за хартии од вредност да врши
работи на управување со индивидуално портфолио при вложување во хартии од вредност во
согласност со закон.
Депозитарна банка на Фондот е НЛБ Банка АД Скопје со седиште на бул. Мајка Тереза бр 1, 1000 , Скопје, за која е добиено одобрение од Комисија за хартии од вредност со Решение
бр. 07-2483/10 oд 31.10.2007 година.
Банката е регистрирана во Централниот регистар на
Република Северна Македонија под даночен број 4030993191133, ЕМБС 4664531 со
седиште на територијата на Република Северна Македонија и има добиено
согласност од Народната Банка на Република Македонија за вршење на активноста
чувар на имот: Решение бр. 1849 од 11.03.2008
година.
Банката има издадено 14 емисии на акции или 854.061 обична акција.Номинална вредност на акциите изнесува 1000,00 денари по акиција. Секоја акција носи право на глас на Собранието на акционери.Почетниот капитал на Банката изнесува 854.061.000,00 денари.
Депозитарната банка со која има склучено договор за вршење работи на субдепозитарна банка е Nova Ljubljanska banka d.d. – Trg republike 2, 1520 Ljubljana, Slovenia.