Друштвото
за управување ќе ги инвестира средствата на Фондот во согласност со членот 66
од Законот и согласно Правилникот за дозволени вложувања, ограничувања на
вложувањата и пречекорување на ограничувањата за вложување на имотот на Фондот,
донесен од Комисијата, во следните видови инструменти:
- Акции - преносливи хартии од
вредност со кои се тргува на регулирани пазари во државите
(акции на компании кои произведуваат соларна
енергија или опрема за производство на соларна енергија и акции од
Македонска берза во Република Северна Македонија)
- Инвестициски фондови
- удели или акции на инвестициски фондови
регистрирани во државите
-
(инвестициски фондови кои
вложуваат во компании кои произведуваат соларна енергија или опрема за производство
на соларна енергија)